Запознајте ја Прованса

Прованса – самото име буди копнежи: медитеранската уметност на живеење, мирисот на лаванда, мајчина душица, рузмарин и див лук; сенката на селско дрво, чаша црвено вино, свежо козјо сирење и крцкав багет. Големите сликари Сезан и Ван Гог дошле во Прованса по неверојатната светлина, а биле инспирирани од играта на сонцето со прекрасните пејзажи.

Познатите градови како Арл, Авињон, Марсеј, Ница или Кан, ги прикажуваат противречностите на Прованса, чиј јужен дел Французите го нарекуваат модерен Азурен Брег. Шармот на овој регион е што спротивностите се спојуваат во мал простор: карпиести планини, прекрасни висорамнини, длабоки клисури, пространи и романтични долини, густи шуми, полиња со лаванда со благ мирис, лозја и насади со маслинки. Овде, каде мешавината од тревки е позната низ светот како Herbs de Provance, можете да уживате во одлични специјалитети. Најдобро е навечер да седнете на терасата од некој ресторан и да јадете јагнешко месо, ароматичен рататуј и свеж сос Никоаз со чаша квалитетно вино од грозје од локалните лозја.

Со своите високи кули папската палата во Авињон наликува на тврдина. Во големиот двор денеска се одржуваат разни веселби. На југот на Прованса, среде идила составена од мочуришта и песочни степи, се наоѓа домот на белите коњи Камарг. Јавајќи на грбот на овие чистокрвни коњи, можете да уживате во дивиот и во исто време романтичен пејзаж. Уште едно од живописните провансалски пристаништа се наоѓа во Мартиг. Сликарите со задоволство го посетуваат за да ја овековечат светлината на југот во нивните слики. Пријатниот амбиент предизвикува уживање и денес. Малите продавници се вистински ризници. Вреди да одвоите неколку часа и да ги поминете во разгледување, бидејќи можете да наидете на многу интересни и уникатни дела.

Понт ду Гард е мост висок 49 метри и долг 275 метри. Претставува остаток од аквадукт долг 50 километри, кој датира од римско време и го снабдувал со вода градот Ним. Денеска и младите и старите се собираат на брегот на реката Гард и уживаат во пливањето. Блескави зајдисонца, азурно сино небо и бескрајни полиња со опојна лаванда се насекаде околу вас. Вака изгледа кога ќе се најдете во Прованса, на југот на Франција, во земјата на светлината и убавите бои.

Претходна Презентирани Nokia мобилни телефони за носталгичари
Следна Најновиот Dodge Hellcat ќе развива повеќе од 900 КС

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!