Заврши кратката фудбалска кариера на најбрзиот човек на светот

Усаин Болт, најбрзиот човек на светот, се прости од атлетиката во 2017 година и реши да се посвети на фудбалот.

Долг период беше на проба во најразлични фудбалски клубови низ светот, а најблиску до остварување на неговиот сон беше на крајот од минатата година. Од септември до ноември беше на проба во австралискиот фудбалски клуб Central Coast Mariners.

Сепак, на крајот не потпиша договор бидејќи не успеа да најде спонзор кој ќе го плаќа неговиот ангажман како професионален фудбалер.

“Беше забавно додека траеше. Некои работи не ги направив како што требаше, но тоа е животот. Научив нови работи со самото тоа што бев дел од тимот”, изјави Болт, кој во дресот на Central Coast Mariners постигна два гола на пријателскиот натпревар со Macarthur South West United.

Освен во Central Coast Mariners, Болт си ја проба среќата и во Borusia од Дортмунд.

Следниот чекор што го најави е започнување на бизнис, поточно снимање реклами.

Претходна Gembala GTR 8XX Evo-R Biturbo е тјунирана верзија на Porsche 911 Turbo S
Следна Реал Мадрид e повторно најбогат фудбалски клуб на светот

Награден напис

Реал Мадрид се лизна против Сосиедад и со тоа се оддалечи од борбата за титулата

Во 25-то коло од шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад ремизираа …

Ѓоковиќ потешко од очекувањата го совлада Тијафо и се пласираше во 3 коло на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во 3. коло на Австралија опен откако го победи …

Забрането е копирање на текст!