Сексуалните помагала можат да го зачинат нашиот сексуален живот и да го направат многу возбудлив и интересен.
Но и денес, во екот на технолошкиот развој и осовременување на човекот, постојат заблуди поврзани со секс-играчките во кои не смееме да веруваме.
Еве некои од нив.
- Ги користат луѓе кои имаат лош или воопшто немаат сексуален живот. Оваа заблуда е потполна спротивност на она што реално е пракса и вистина. Баш оние што имаат активен сексуален живот и знаат да уживаат во него, ги користат секс-играчките за да го направат поинтересен и побогат. На пример, истражувањата велат дека луѓето што користат вибратор имаат многу поактивен и побогат сексуален живот.
- Секс-помагалата создаваат зависност. Има безброј примери кои докажуваат дека ова тврдење не е вистинито. Луѓето што го откриле вибраторот почнуваат често да го користат, но тоа никако не преминува во зависност. Тие едноставно ја откриваат убавината на секс-играчките и ги користат често за збогатување на сексот.
- На жената со вибратор не ѝ е потребен маж. Ова е една од поголемите заблуди. Секс-играчките го збогатуваат сексуалниот живот, но никако не се замена за секс. Затоа, во никој случај играчките не можат да го заменат пaртнерот.
- Мажите ги користат секс-играчките само ако не можат да имаат нормален секс. И овој мит како и претходниот, се далеку од вистината. Милиони мажи користат секс-играчки. Истражувањата покажуваат дека дури 21 % од испитаниците користат секс-играчки без оглед дали се во врска или сингл. Најдобар начин да станете вешт љубовник е прво да станете свесни за својата сексуалност, а таа најдобро се открива со помош на секс-играчките.
- Со секс-играчките може да се повредите. Не е можно да постојат луѓе што сè уште веруваат на овој мит. Не постојат никакви докази дека секс-играчките можат да ве повредат додека ги користите, се разбира ако ги користите исправно.