Стенкањето на жените додека имаат сексуален однос, како непишано правило би требало да значи дека жените уживаат во тој момент, но тоа не е секогаш така.
Во истражување спроведено на Универзитетот во Ланкашир, кое требало да се утврди дали секогаш стенкањето за време на секс означува дека партнерот исправно “си ја врши работата” и дека жените во тој момент уживаат, се добиле податоци кои баш и не ја потврдуваат тезата. 66 % од испитаничките изјавиле дека стенкаат за да го забрзаат оргазмот на партнерот, а 87 % од нив рекле дека со стенкањето се чувствувале посексапилно.
Истражувањето, исто така, им укажало на научниците дека женските оргазми најчесто се постигнуваат за време на предиграта, додека стенкањето се користи пред и за време на машкиот оргазам.
Не постојат многу истражувања на оваа тема, но константно сме бомбардирани со изјави дека стенкањето е знак дека жената ужива, дека е поврзано со оргазмот и со добриот секс.
“Ако стенкате, му давате до знаење на партнерот дека сè што прави во моментот е добро, а тоа секогаш не е така. Затоа треба да се користи стенкањето кога вистински се ужива во сексот, за да не му давате погрешни сигнали на вашиот партнер”, вели Кристен Марк од Универзитетот во Индијана.