Енди Керол нема да игра за Бриж, актуелниот шампион на Белгија. Англискиот напаѓач, кој како слободен играч бараше нов клуб, заради неисполнување на психичките и физичките тестови остана без можност за настап во Лигата на шампионите, иако трансферот беше речиси завршен.
Како што објави Дејли Мејл, неговото пристигнување било откажано откако паднал на физички и психички тестови по враќањето од меден месец каде што бил во Мексико со сопругата Били Маклу.
Керол се најде во центарот на скандал пред венчавката откако во јавноста се појавија фотографии на кои тој е во кревет со две девојки само неколку дена пред венчавката.
И покрај се, неговатат избраничка Били Маклу му простила и решила да се омажи за него.
Во текот на својата кариера, Керол играше за Њукасл, Вест Хем, Престон Норт Енд, Ливерпул, Ридинг и ВБА.