Елен ван Дијк постави нов рекорд во велосипедизам, поминувајќи 49 километри за еден час

Холандската велосипедистка Елен ван Дијк постави нов светски рекорд поминувајќи 49 километри и 254 метри за еден час.

Триесет и петгодишната Ван Дијк го собори рекордот на Велодромот „Тисот“ во Гренхен, Швајцарија.

Ван Дијк го собори рекордот поставен од Џос Лоуден на повеќе од 800 метри.

Лоуден измина 48.405 километри за еден час минатиот септември и се чинеше дека овој рекорд ќе биде тешко да се надмине, но Ван Дијк го направи тоа на супериорен начин.

Холанѓанката го собори рекордот во 58. минута и до крајот го зголеми за цели 849 метри.
Ван Дијк ја започна својата спортска кариера во дисциплината брзо лизгање, но набрзо сфати дека велосипедизмот е нејсзиниот спорт.

Во текот на нејзината кариера освои неколку медали. Шест пати беше светска шампионка, седум пати европска, а единствена неостварена желба и е да биде олимписка шампионка.

На Олимписките игри се натпреваруваше двапати, во 2012 година беше 8-ма во Лондон, а во 2016 година заврши на 4-та позиција во Рио.

Претходна Кога девојката едно кажува, а друго мисли
Следна Ѓоковиќ и Надал со рутински победи го отворија Ролан Гарос

Награден напис

Спасете ја врската со „секс на одржување“

Ако сте во брак или во долга врска, веројатно барем еднаш сте се соочиле со …

Дознајте зошто комарците некого касаат, а некого заобиколуваат

Колку и да се трудиме да ги избегнуваме и колку да се користат разни препарати, …

Забрането е копирање на текст!