Електричните „летечки“ чамци можат да ја спасат Венеција

Венеција е прекрасен град кој тоне, а шведската компанија Кандела тврди дека нејзините „летечки“ електрични чамци можат да помогнат да се спаси.

На Венеција и се заканува деструктивниот феномен „мото ондосо“, бранови кои погодуваат згради и тротоари и се предизвикани од чамци кои минуваат низ градските канали.

УНЕСКО го означи мото ондосо како „макро итен случај“ што ја загрозува кревката лагуна и посочи дека е неопходно драстично да се намалат ефектите од моторните чамци, а токму тука компанијата Кандела ја гледа својата шанса.

Електричните чамци Candela C-8 и P-8 Voyager се посебни по тоа што не создаваат речиси никакви бранови, C-8 е лесен брод, додека P-8 Voyager е дизајниран да пренесува патници како такси или шатл. Овие карактеристики овозможуваат гореспоменатите електрични чамци да бидат широко користени во Венеција.

Чамците на Кандела се дизајнирани од експерти за авијација и беспилотни летала, а при движење со брзина од околу 55 км/ч произведуваат „трага“ од само 5 сантиметри, па тешко дека брановите ќе удрат во брегот, или во темелите на градот. Освен тоа, чамците пловат тивко.

Поголемиот модел P-12 може да прими до 30 патници и беше најавен во јуни оваа година. Кандела тврди дека тоа ќе биде првиот „летечки“ траект со домет од 60 наутички милји, кој ќе може да плови со брзина до 60 km/h. Производителот тврди дека овој брод може да биде решение, односно алтернатива за возилата на тркала за време на сообраќајниот шпиц.

Шведската компанија го претстави својот прв брод C-7 во 2019 година, а нема затворена кабина како другите и е повеќе брод за уживање во летото.

Бродовите на Кандела можат да пловат 150 минути со едно полнење на батеријата, а во иднина би можеле да се користат и надвор од Венеција за да пловат до островите Бурано и Пелестрина.

Додека Венеција чека, Стокхолм веќе планира да го тестира моделот P-12 на рута помеѓу центарот на градот и предградието Екеро, со крајна цел да ја стави во употреба целата флота. Производството на чамци ќе започне наесен оваа година, а тестирањето ќе започне во првата половина на 2023 година.

Претходна Патувања со вкус на историја
Следна Гвардиола во паника

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!