Електричниот концептен модел на Mercedes, Vision EQXX го собори сопствениот рекорд

Концептниот модел Vision EQXX со едно полнење на батеријата помина 1.202 километри и со тоа го собори сопствениот рекорд, бидејќи во претходниот обид помина „само“ 1.007 километри.

Концептниот електричен модел Vision EQXX, придвижуван од еден електричен мотор (245 КС), тргна од Штутгарт и по два дена, 14 часа и 30 минути стигна до познатата британска патека Силверстоун, притоа имаше енергија во батериите за 11 кругови во Силверстон со брзина од 140 км на час.

Познато е дека на патувањето до Велика Британија (во реални услови) клима уредот работел повеќе од осум часа. EQXX трошеше просечно 8,3 kWh на 100 километри, а просечната брзина беше 83 km/h. На опсегот му помогна и соларниот покрив чија произведена електрична енергија помогна да се напојува климатизерот и мултимедијалниот систем.

Од Mercedes нагласуваат дека концептот EQXX без споменатите 140 km/h на патеката би поминал повеќе од рекордни 1.202 километри. Тие не го открија точниот капацитет на батериите кои се за 30 проценти полесни од батериите во моделот EQS, но открија дека е помал од 100 kWh. Се знае дека тежината на автомобилот е 1.755 килограми.

Претходна Poco F4 и Poco X4 GT претставени на светскиот пазар
Следна Енди Керол по медениот месец падна на физичките и психичките тестови

Награден напис

Што точно се случува со телото на човекот откако ќе умре?

Сигурно барем еднаш сте се запрашале што се случува со човечкото тело откако ќе умре? …

Rolls-Royce Cullinan од Carlex Design

Carlex Design е тјунинг компанија која главно зазема нетрадиционален пристап кон редизајнирање на луксузни и …

Забрането е копирање на текст!