Електричната Alfa Romeo Giulia GT развива 518 КС

Електричните рестомод автомобили стануваат сè поинтересни, а компанијата Totem Automobili го претстави реставрираниот, модифициран и електрифициран Alfa Romeo Giulia GT електричен.

Овој автомобил развива 518 КС, што е значително повеќе од „оригиналната“ Alfa Giulia GT, која испорачуваше 192 ks, и е помоќен од сегашната нова Alfa Giulia Quadrifoglio, како и Alfa GTA.

Тотем го расклопи моделот GT Junior 1300/1600 од седумдесеттите години, рачно ја зајакна шасијата така што поради 518 КС нема да има „дефект на системот“.

Задржани се само 10 проценти од оригиналната шасија, со новата суспензија на MacPherson со рачно прилагодливи амортизери Bilstein напред, и алуминиумскиот мултилинк со Bilstein амортизерите одзади.

Giulia доби електричен мотор и батерија од 50,4 kWh наместо оригиналниот бензински. Launch control и drift mod се достапни за возачот, како и опциите за персонализација.

Потребни се само 3,4 секунди за забрзување од 0 до 100 км на час и максимална брзина од 245 км на час. Автомобилот тежи 1.410 кг благодарение на каросеријата од јаглеродни влакна, а со едно полнење на батеријата може да помине 360 км.

Предниот дел на автомобилот му оддава почит на Giulia GTAm и е за 180 мм поширок, додека редизајнот на задниот крај овозможи заоблена форма. ЛЕД-светлата се наоѓаат напред и назад и автомобилот изгледа одлично.

Внатре има карбонски седишта, многу кожа и дрво, волан Момо и механичка рачна сопирачка. Автомобилот има климатизација, електрични стакла и систем за стартување без клуч.

Цената сè уште не е објавена.

Претходна Црква во Фулам претворена во луксузен дом чини 15 милиони фунти
Следна Шкода ја патентираше првата светлечка тока на сигурносниот ремен

Награден напис

Huawei FreeBuds Studio со интелигентно и динамично намалување на бучава и Hi-Fi квалитет

Како дел од глобалната премиера на серијата Mate 40, Huawei Consumer Business Group (BG) ги …

Ви го претставуваме Мекларен Сејбр со моќност од 824 коњски сили, помоќен од моделот Сена

Неодамна објавените шпионски фотографии, како и оние што „протекоа“ во јавноста, беа најава за претстојното …

Забрането е копирање на текст!