Трикратната светска и 10-кратна европска шампионка во брзо лизгање, Елиза Кристи (32) смислила начин да собере пари за Олимписките игри во 2026 година.
Кристи во светот на брзо лизгање освои се освен најважното – Олимписките игри, а откако годинава го пропушти натпреварувањето во Пекинг поради повреда на лигаментите, објави крај на кариерата.
Таа во кариерата освои вкупно 30 медали од европските и светските првенства, а најдобар резултат на Олимписките игри и беше 11. место.
Токму затоа една од најдобрите британски спортистки се предомислила и ќе се обиде да се натпреварува на Олимписките игри во 2026 година во Милано и Кортина д’Ампецо, а ќе собере пари на OnlyFans.
Таа создаде профил на мрежата и ги продава своите 18+ фотографии и видеа за претплата од 11 долари месечно за да ги собере парите потребни за патување во ЗОИ во 2026 година.
Да потсетиме, пред точно една година, познатата скејтер на 1.000 и 1.500 метри ја шокираше Велика Британија објавувајќи ја својата автобиографија во која признала дека била силувана и детално опишала како се случило тоа.