Еден од најдобрите пенали во историјата изведен со салто

Норик Авдалијан, ерменски играч кој игра за Нефис Казан, тим кој игра во руската национална лига, постигна гол од пенал кој легитимно може да се натпреварува за најдобриот пенал некогаш изведен.

Уметноста на шутирање пенали е усовршена со текот на годините откако Антонин Паненка постигна легендарен лоб на Европското првенство во 1976 година.

Видовме пенали кои одлучуваат за шампионски титули и големи натпревари, но она што се случи во руската аматерска лига ги надмина сите очекувања.

Ерменецот Авдалијан го изведе пеналот со салто, а на одличен начин ја затресе противничката мрежа. Коментаторот беше шокиран од она што го виде, па дури и застана пет секунди пред едноставно да каже „Леле“, а играчите на теренот не можеа да веруваат во тоа што го гледаат.

Авдалијан пред четири години постигна сличен, а можеби и поатрактивен гол од пенал, но во тоа време настапуваше во младинската лига.

Сепак, неверојатен е фактот дека двапати успеа да го изведе ова.

Претходна David Guetta & Bebe Rexha – I’m Good
Следна Погледнете го новото ремек дело на Меси

Награден напис

Римац Невера постави нов брзински рекорд за возење во рикверц!

Откако последователно соборуваше светски рекорди, Римац Невера сега почна да се менува. Хиперавтомобилот Rimac Nevera, …

Првите снимки на универзумот од европскиот вселенски телескоп Еуклид

Европскиот вселенски телескоп Еуклид денеска ги објави своите први снимки, откривајќи блескава маглина во облик …

Don`t copy text!