Егзибиционистички тренд на Инстаграм – фотографии од спалната соба

  •  

Егзибиционистичката инстаграмска култура и движење кое го слави човечкото тело во сите облици, создаде тренд на фотографии од спалната соба.

Партнерите се соблекуваат во долна облека, понекогаш и помалку, и во професионални студија или пак дома се сликаат во разни пози и позиции.

“Во моментов овој бизнис е во голем процут”, вели Мајк Алебах, сопственик на студиото Алебах Фотографи од Пенсилванија.

Тој проценува дека ваквите фотографии до наредната година ќе бидат главен извор на неговиот приход и веројатно е во право.

Неодамнешните истражувања велат дека половина од паровите во љубовна врска се спремни за еротско позирање.

“Клиентите бараат поинтимни и поотворени фотографии, фотографии само за нивните очи”,  вели Дилија Вашингтон, сопственик на компанијата Boudoir By Delia Renee во Филаделфија.

Еротските фотографии можат да послужат за обележување на годишнини од врска или важни датуми и поводи за паровите, можат да бидат доказ за тоа колку се секси или едноставно можат да придонесат во зацрстување на врските. Заедничкото потполно соблекување дава чувство на опасност, што може да поттикне возбуда во врската.

Нормално е во оваа ситуација на почетокот да бидете нервозни, но фотографите ќе си ја одработат сесијата професионално. Обично се започнува со фотографии на кои паровите се со облека и во моментот кога ќе се почувствуваат порелаксирано почнуваат полека да се соблекуваат, а фотографот сето тоа го слика. Тој ве води низ целиот процес за максимално да ве релаксира. Главно е да се запамети дека паровите не се на сет каде што се снима порнофилм. Кога ќе се заврши сесијата, може да си одберете фотографии кои сакате да ги закачите на ѕид или да си имате таен фотоалбум само за ваши очи.

Сакате заедничката хемија со партнерот да ја забележите на камера?

Во САД цените за вакво задоволство се движат од 150-2000 долари во зависност од тоа дали покрај фотографирањето сакате фризура, шминка или некој друг додаток.

Копирањето на содржината е забрането!