Дубаи може да се пофали со уникатност на многу полиња. Еве уште едно во тој список.
Може да се пофали и со тоа дека има најбрзи возила во брзата помош.
Nissan и Chevrolet се опремени со опрема за реанимација и шишиња со кислород, и ги имаат сите потребни елементи од стандардните комбиња за брза помош.
Во Дубаи, трошоците за здравствен буџет се многу големи, нафтата сè уште тече, па има пари за егзотични возила за итни случаи. Лекарите ги добиле на користење Nissan GT-R и Chevrolet Corvette C7.
Сепак, овие два спортски билдери нема да дојдат кај граѓаните на Дубаи за интервенција. Тие ќе патролираат во туристичките зони и ќе ги користат во промотивни цели. Опремени се со опрема за реанимација и шишиња со кислород, а ги имаат сите потребни амбулантни направи за оние кои имаат потреба помош при сообраќајни незгоди.
Ова е само продолжение на процесот што го започна полицијата во Дубаи, која има Астон Мартин 1-77, Порше 918 Спајдер, Ферари ФФ, Мекларен 12Ц…