Дресот што го носеше легендарниот кошаркар Мајкл Џордан на првиот натпревар од финалето на НБА во 1998 година е продаден за рекордни 10,1 милиони долари.
Тоа е најскапиот спортски предмет продаден во историјата, а аукциската куќа Сотеби објави дека дресот привлекол големо внимание кај љубителите на спортот и колекционерите.

Овој дрес е потсетник на сезоната опишана во документарниот филм на Нетфликс „Последниот танц“ во кој Џордан ја освои својата шеста и последна шампионска титула во НБА.
За дресот на Џордан на Чикаго Булс имаше 20 понуди, а „борбата“ за дресот беше жестока.
Цената на дресот на Џордан го надмина претходниот рекорд поставен за дресот на фудбалската легенда Диего Марадона, кој Аргентинецот го носеше на Светското првенство во 1986 година. Тој дрес беше продаден за 9,28 милиони долари.