Доктор Гугл може да предизвика сајберхондрија

Пребарување на здравствените симптоми на Google полека станува навика на сè поголем број луѓе, но и покрај вашите фрустрации поврзани со лекарите, треба да знаете дека д-р Гугл не е замена за вистински лекар, велат здравствените експерти.

На неодамна одржаната здравствена конференција во Хановер е заклучено дека постојаната достапност на дискутабилни медицински информации на интернет, делува вознемирувачки на пациентите.

На конференцијата присуствувале медицински професионалци, политичари, претприемачи, научници, и дискутирале за дигитализацијата на здравствената грижа. Претседателката на Лекарската комора на Долна Саксонија Мартина Венкер, укажува на сè пошироката појава на сајберхондрија – невтемелен страв од сериозна болест по пребарување на симптомите на интернет.

Таквите пребарувања само ги зајакнуваат стравовите на луѓето подложни на хипохондрија, покажуваат студиите.

“Ние, лекарите, мора сериозно да ги земеме предвид стравовите на луѓето и да им ги изнесеме сите информации, а тоа најдобро се остварува со комуникација во четири очи”, вели Венкер.

Во студијата која ја објави здравствената фондација Бертелсман, половина од германските корисници на интернет најмалку еднаш месечно пребаруваат здравствени теми. Пред да одат на лекар тоа го прават 58%, а откако ќе добијат дијагноза 62%.

Повеќе од половина од испитаниците се задоволни со информациите што ги добиваат на интернет. “Сметаме дека, кога се работи за користењето на интернет во медицински цели, користа сепак ја надминува негативната страна”, вели Марион Гроте Вестрик, авторка на студијата.

Според неа, лекарите треба да ги едуцираат пациентите и да ги упатат на веродостојни медицински страници втемелени на здравствени показатели. Таа вели и дека информации од тој тип треба да се запишат и во здравствениот картон на пациентите.

Претходна Како да се детоксифицирате по велигденските празници
Следна Дубаи ја има најбрзата брза помош на светот

Награден напис

НБА екипа на продажба

Професионалниот кошаркарски тим во НБА, Феникс Санс лани играше во големото финале на плеј-офот и …

Volkswagen ID Buzz Cargo ја освои наградата за комбе на годината за 2023 година

На Volkswagen ID Buzz Cargo му беше доделена престижната индустриска награда „Меѓународно комбе на годината …

Забрането е копирање на текст!