Дознајте зошто комарците некого касаат, а некого заобиколуваат

Колку и да се трудиме да ги избегнуваме и колку да се користат разни препарати, комарците буквално се лепат за некои луѓе. Има добри причини зошто е тоа така.

Постојат неколку фактори кои влијаат на тоа дали комарците ве напаѓаат или не.

Ги привлекува мирисот на кожата

Мирисот на кожата на кој реагираат зависи од нивниот вид. Жолтите и тигрестите комарци реагираат на млечна киселина, а видовите Anopheles ги привлекуваат масните киселини, тврдат експертите.

1035653916

Мешавината од хемикалии и мириси навистина зависи од вас. Шминка, козметика, исхрана, pH на кожата… Сите овие работи сочинуваат мешавина од хемикалии, така што вашиот мирис всушност зависи од вас и од она што го користите и јадете.

Ги привлекува и вашиот здив

Важно е да се напомене дека комарците ги следат луѓето по мирис. Женките ги вклучуваат сите сетила за да одлучат дали сакаат да гризнат некого или не. Јаглерод диоксидот што луѓето го издишуваат заедно со разни хемикалии, создава мирис што комарците го осеќаат дури и кога се на 30 метри оддалеченост, вели Барт Нолс, биолог кој ги проучува комарците.

Телесната температура и испарувањето на кожата

Нашите тела испуштаат топлина, а количината на вода што испарува од површината на нашата кожа зависи од температурата на околината. Како што ни се приближува комарецот, тој може да открие испарување на водата. Тоа може да игра улога дали ќе нè боцне или не. Едно истражување покажува дека комарците одат до блиските извори на топлина што ја имаат нивната идеална температура.

Секој човек ослободува повеќе од 300 различни хемикалии од кожата, а дури 100 од нив се во здивот.

Постојат различни теории за тоа зошто некои луѓе се попривлечни за комарците, а многумина велат дека тоа е затоа што имаат „слатка“ крв. Некои веруваат дека земањето витамини од групата Б и лукот ги прави луѓето помалку привлечни за овие инсекти.

Претходна Nissan Navara-R развива 1.000 КС
Следна Спасете ја врската со „секс на одржување“

Награден напис

Спасете ја врската со „секс на одржување“

Ако сте во брак или во долга врска, веројатно барем еднаш сте се соочиле со …

Nissan Navara-R развива 1.000 КС

Двегодишниот проект на дрифтерот Стив Багси Биаџиони и тимот на SB Motorsports резултираше со моделот …

Забрането е копирање на текст!