Добредојдовте во светот на “Madame X”

Мадона сo кратко видео на социјалните мрежи го промовираше својот најнов албум со наслов “Madame X”.

Со малку загадочен спот во кој на неколку наврати поп-иконата менува гардероба, што симболизира промена на нејзиното алтер-его, низ краткиот клип објаснува дека “Madame X” е таен агент кој патува низ светот менувајќи идентитети, борејќи се за слобода и носејќи светлина во темните простори.

Во саботата Мадона за прв пат го покажа концептот на “Madame X” во таинствен напис на Твитер и Инстаграм, каде што Мадам Икс ја претстави како професорка, шеф на држава, пејачка од кабаре, проститутка итн.

“Madame X” е четиринаесеттиот студиски албум во кариерата на Мадона и воедно прв после 2015 година, кога го објави албумот “Rebel Heart”.

Претходна Суперјахтата Esquel претставена на саемот во Дубаи
Следна За што размислуваме повеќе во текот на денот, за храна или за секс: ?

Награден напис

Новата мега јахта на Џеф Безос снимена на отворено море чини 500 милиони долари

Новата мега јахта на Џеф Безос е снимена на отворено и чини неверојатни 500 милиони …

Русин уништил Lamborghini Urus за да промовира енергетски пијалок

Јутјубер по име Михаил Литвин снимил како крши Lamborghini Urus вреден повеќе од 250.000 евра …

Don`t copy text!