Дизелските мотори полека изумираат

Полека но сигурно, возилата со дизел мотори ќе бидат протерувани од градовите низ Европа. Тоа го најавија градоначалниците на Париз, Мадрид, Атина, и наведоа дека до 2025 година на возилата со дизел агрегати потполно ќе им се забрани влез во центарот на градовите. На таквата идеја и пристап се приклучија и Британците кои изјавија дека на автомобилите со дизел мотори ќе им се наплаќа влез во центарот на 35 градови.
Британската влада отиде и чекор понатаму и воведе опција која на сопствениците на постари дизел возила им нуди еднократно неповратни средства во износ од 2000 фунти за замена на својот автомобил со бензински или хибриден модел.
Дури и Германија почнува со чекори за борба со дизел моторите и најави зголемување на давачките, со истовремено стимулирање за купување на хибридни и електрични возила.

Претходна НАСА на Гренланд откри огромен кратер заробен во мразот
Следна Тенисерката Радванска со само 29 години ја заврши својата кариера

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!