Децениската потрага заврши – пронајдена е загубената песна на Фреди Меркјури

Песна на Фреди Меркјури, која широката публика досега немала шанса да ја чуе, премиерно е емитувана на BBC Radio 2.

Синглот “Time Waits For No One” е првобитна верзија на песната “Time” од 1986 година.

Верзијата снимена во тоа време имала неколку слоеви на позадински вокали, што го следеле најголемиот артист на сите времиња. Снимката што содржи нешто поразличен вокален состав, пронајдена е по повеќедецениска потрага.

Напишана е од Дејв Кларк, лидер на групата “Dave Clark Five”, која во шеесеттите години од минатиот век била многу популарна.

“Кога прв пат ја снимавме, отидовме во студиото Abbey Road и го снимивме Фреди на пијано. Тоа беше чиста магија”, изјави Кларк за BBC Radio 2.

Кларк ја пронашол снимката во својата архива многу порано, но чекал да помине “вревата” што се крена по излегувањето на филмот “Боемска рапсодија”, за да не изгледа дека сака да профитира од неа.

Видеото е снимено на празната сцена во лондонскиот Доминион театар, само во пијано придружба на Мајк Моран, со кого Меркјури потоа соработувал на албумот “Барселона”.

https://youtu.be/LGjt291COa0
Претходна UFC го доби вториот најбрз нокаут во историјата
Следна Грција со нови законски измени – нулта толеранција за возачите

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!