Десктоп верзијата на WhatsApp ќе овозможи видео повици за групи до 50 учесници

WhatsApp наскоро треба да овозможи заеднички видео повик за 50 учесници, но на верзијата за компјутери.

Кога WhatsApp ќе ја воведе новата опција, таа ќе стане алтернатива на Zoom, Skype и Google Meet. Новата опција е забележана како бета верзија на WhatsApp Web, а кратенките во менијата WhatsApp ги испраќаат корисниците до неодамна воведената услуга за „Facebook Messenger Rooms“ каде можат да создадат просторија и да ги поканат луѓето да се приклучат, или да создадат просторија директно преку WhatsApp.

WhatsApp неодамна доби големо ажурирање и сега поддржува видео повици за осум учесници на мобилната верзија, но споменатите нови опции ви овозможуваат да повикате повеќе луѓе ако е потребно.

Функцијата ќе биде достапна и на уредите кои користат iOS и Android оперативни системи, но десктоп поддршката е одржлива замена за постојните слични услуги.

Кога Messenger Rooms се појави во април, директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг, навести дека може да биде поддржан од WhatsApp, Instagram и Facebook Porta, а сега се чини дека тоа ќе се случи порано од очекуваното, иако точниот датум не е познат, пишува Techradar.

Награден напис

Нема повеќе евро кошарка во оваа сезона

Оваа вест ја донесе специјализираниот кошаркарски портал Спортиндо. Евролигата и Еврокупот, двете најпрестижни европски кошаркарски …

Киа подготвува мал електричен автомобил со супер цена

КИА има намера да произведе мал електричен градски автомобил кој ќе му биде ривал на …

Don`t copy text!