Десетте најинтелигентни луѓе на светот

Изразот “умен” го сретнуваме секојдневно, насекаде околу нас. Луѓе што имаат познавања од многу области нè опкружуваат. Следува листа на десетте најинтелигентни луѓе, луѓе кои имаат највисок коефициент на интелигенција.

  • На десеттото место со IQ 160 е Стивен Хокинг.


Човек со најголемо познавање и разбирање на универзумот. Тоа беше човекот што ја објасни теоријата за создавањето на универзумот ( The big bang).

  • Алберт Ајнштајн е на деветтото место со IQ 160.


Стана познат по достигнувањата во областа на теориската физика. Никогаш нема направено официјален тест на интелигенција, но неговите бројки, пресметки и достигнувања го покажуваат неговиот коефициент. Тој претставува една од највлијателните личности во научниот свет.

  • Јудит Полгар е на осмото место со IQ 170

За многумина најдобрата жена шахист на светот. Ги победила Боби Фишер и Гари Каспаров, најдобрите шахисти на светот.

  • Леонардо Да Винчи го има седмото место со IQ 180-190.


И неговиот коефициент не е потврден со тестови, како и на Ајнштајн, но според анализа на неговите дела, со целокупниот опус на пронајдоци, несомнено е во тој дијапазон.

  • Гари Каспаров го зазема шестото место со IQ 194.


Тој е еден од најдобрите шахисти на сите времиња. Од почетокот на неговата кариера во 1986 година па сè до 2005 година на првото место бил 225 месеци од вкупно 228. Го победил дури и славниот шаховски компјутер на ИБМ.

  • Кристофер Мајкл Ланган со IQ 195 го држи петтото место.


Тој е опишан како најинтелигентниот човек во САД. Почнал да зборува на 3 месеци, а до 3 години сам научил да чита и да пишува. Поради неговото однесување и зборувањето дека е попаметен од професорите, исфрлен е од факултет.

  • Ким Унг Јонг со IQ 210 е на четвртото место.


Роден е 1963 година и на само 6 месеци почнал да зборува. До својата трета година читал на англиски, корејски, јапонски и германски. Поради своите способности се вработил во НАСА, во која работел 10 години и се вратил во татковината да работи како наставник.

  • Кристофер Хирата има IQ 225 и се наоѓа на третото место.


Кога имал 13 години ја освоил Олимпијадата по физика. На 22 години докторирал на Универзитетот во Принстон и сега предава астрофизика во Калифорнија.

  • Теренс Тао е на второто место со IQ 225-230.


Син на имигрант од Хонг Конг. Живеел во Австралија, но се преселил во САД и сега предава на Универзитетот во Лос Анџелес.

  • Првото место на листата го има Вилијам Џејмс Сидис со IQ 275.


Роден е во Њујорк, во семејство на украински имигранти во 1898 година. На само 11 години се запишува на Харвард за да студира математика. Набрзо почнува да предава математика, но заради годините не е разбран. Набргу потоа почнува да делува по граѓанските движењата и често има проблеми со законот. Родителите решаваат да го пратат во ментална институција. Во 1921 година ја напушта институцијата и продолжува да живее со нормален, обичен живот. Умира на 46 години поради проблеми со мозокот.

Претходна Факти за човечката крв кои сигурно не сте ги знаеле
Следна Мажите со брада се попривлечни за жените

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!