Деринкују е древен подземен град во Турција кој бил пронајден од кокошки

Под Кападокија во Турција се наоѓа Деринкују, подземен град во кој некогаш живееле 20.000 луѓе.

Неговото античко име е Еленгубу. Се наоѓа на 85 метри под површината на Земјата и има дури 18 нивоа на тунели. Бил населен илјадници години – овде живееле Фригијци, Персијци, Христијани од византиската ера и многу други народи… Кападокските Грци го напуштиле во 20-тите години на минатиот век, односно кога биле поразени од Турците. Потоа масовно побегнале во Грција.

Не само што подземните простории се протегаат на стотици километри, туку тука има и повеќе од 200 посебни градови, кои формираат огромна „подземна мрежа“.

Деринкују бил „повторно откриен“ од неименуван локалец во 1963 година. Имено, неговите кокошки постојано бегале и така налетале на овој град. Мештанимпт го ископал преминот и бил фасциниран од она што го нашол. Тука, меѓу другото, имало магацини за храна, штали за добиток, училишта, винарии, па дури и капела. Деринкују беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1985 година.

Сè уште не е познат точниот датум на изградба на Деринкују. За прв пат се споменува во делото „Анабасис“, кое го напишал Ксенофон во 370 година п.н.е. Во оваа книга тој зборува за луѓе од Кападокија, кои живееле во куќи под земја. Тој феномен за него бил необичен, со оглед на тоа што поголемиот дел од жителите тогаш живееле во живеалишта на блиските карпи.

Се смета дека поголемиот дел од Деринкују биле изградени од Фригијците бидејќи имале средства за изградба на сложени подземни градби. Тие беа една од најистакнатите империи во Анадолија. Деринкују се користел за складирање стоки, но бил изграден за да можат жителите да се кријат од напаѓачите. Се верува дека за време на византиската ера тука живееле дури 20 илјади луѓе.

Претходна Darude – Sandstorm
Следна Audi подготвува неколку нови модели, меѓу кои и Q9

Награден напис

НБА екипа на продажба

Професионалниот кошаркарски тим во НБА, Феникс Санс лани играше во големото финале на плеј-офот и …

Volkswagen ID Buzz Cargo ја освои наградата за комбе на годината за 2023 година

На Volkswagen ID Buzz Cargo му беше доделена престижната индустриска награда „Меѓународно комбе на годината …

Забрането е копирање на текст!