Стресот, прекумерната работа, алкохолот и прекумерниот кофеин можат да влијаат на либидото. Причините можат да бидат и физички, на пример болни хемороиди. Главните симптоми се намален интерес за секс, тешкотии во постигнување и одржување на ерекција, предвремена ејакулација.
Ако ве мачат овие проблеми, лековите можат да помогнат до одреден степен, но пред да посегнете по нив, пробајте третман со билки кој со векови се смета за природна вијагра.
Билки кои помагаат
Дамијана (лат. Turnera diffusa var. aphrodisiaca)
Дејство: Се користи воздушниот дел од растението. Тој е афродизијак и антидепресив, го подигнува расположението и ги стимулира сексуалните перформанси.
Начин на употреба: Како билен чај, во таблети или тинктури.
Комбинации: Додајте каранфилче во секоја шолја чај или додадете сабална палма, ашваганда или корејски женшен во тинктурата. Во таблети, обично се комбинира со сабална палма или растение Кола. Чајот од вербена помага при предвремена ејакулација.
Ашваганда (лат. Withania somnifera)
Дејство: Се користи коренот. Тој е афродизијак, подмладува и има корист за целиот организам и ги подобрува сексуалните перформанси.
Начин на употреба: Измешајте ја лушпата во млеко, до еден грам по доза. Прашокот од ашваганда може да се меша во топло млеко засладено со малку шеќер.
Комбинации: Користете со женшен или сабална палма или додадете прстофат долга пиперка во екстрактот. Може да помогне и масажата пред водење љубов: измешајте една капка масло од роза и пет капки сандалово дрво во 5 милилитри бадемово масло за масажа.