Дали сте сексуално компатибилни со партнерот

  •  

Иако љубовната врска ја сочинуваат повеќе параметри, сепак, сакале ние да признаеме или не, сексот е еден од параметрите што многу влијаат. Недостатокот на секс влијае на повеќе сегменти од односите со партнерот, влијае и на појава на фрустрации и на заладување на односите.

Сексуалната компатибилност е нешто што не може однапред да се предвиди? Или пак може?

Најновото истражување објавено во “Psychological Bulletin” вели дека до некаде постои можност да се предвиди сексуалната компатибилност. Во истражувањето се анализиран 137 претходно направени испитувања на тема сексуалност. Резултатите од тие испитувањата се класифицирани во 5 категории: невротичност, екстровертност, отвореност, совесност и пријатност. Збирот на испитаници во сите истражувања што ги групирале, бил 420.595.

Биле добиени следниве резултати:

  • Невротичност. Невротичните луѓе имаат проблеми со анксиозност, лутење, вина, осаменост и цел сноп на негативни чувства. Заради тоа е логично и да се незадоволни со својот сексуален живот и да имаат негативни чувства за време на сексот. Највисоко ниво на сексуална дисфункционалност покажала токму оваа група.
  • Екстровертност. Тоа се луѓе со отворени сфаќања, кои уживаат во дружењата. Пропорционално на тоа, тоа се луѓе кои први би се впуштиле во сексуални односи со други, би експериментирале, и како резултат на тоа би имале повеќе сексуални партнери. Тие се задоволни од сексуалниот живот и немаат многу негативни емоции при сексуалниот чин. Единствен чуден податок за оваа група е тоа што колку се постари машките лица толку е поголема сексуалната агресија.
  • Отвореност. Во оваа група припаѓаат луѓе со пошироки погледи, некомформисти, често геј ориентирани или со полиберални сфаќања за сексот од останатите. Оваа група, како и екстровертите, имаат повеќе сексуални партнери.
  • Пријатност. Тоа е група на луѓе што се пријателски, топли и пријатни. Тие се конзервативни во сфаќањето и практикувањето на сексот. Поретко стапуваат во слободни сексуални врски и заради тоа имаат помалку партнери. Лежерен секс без обврски не им паѓа на памет.

Според ова, речиси без двоумење може да се каже дека доколку ги следиме овие карактеристики можеме да најдеме сексуален партнер со кого ќе бидеме компатибилни во кревет.

Копирањето на содржината е забрането!