Научниците веруваат дека луѓето кои пијат кафе без шеќер и сакаат горчливи вкусови имаат карактеристики кои на многу луѓе не им се допаѓаат.
Тие откриле дека луѓето кои претпочитаат пијалоци со горчлив вкус, како што е црното кафе без шеќер или тоник, имаат поголема веројатност да развијат знаци на макијавелизам, садизам и нарцизам, што значи дека се повеќе склони кон подмолност, манипулација, суета, себичност или уживање во страдањето на луѓето и нивна болка.
Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Инсбрук и опфатило 500 жени и мажи.
Тие исто така требаше да пополнат четири посебни прашалници. Објавените резултати од истражувањето покажаа дека „луѓето кои претпочитаат горчлива храна и пијалоци биле повеќе склони кон макијавелизам, психопатија, нарцизам и садизам“, а кооперативните, емпатичните и љубезни луѓе не биле склони кон горчлива храна и пијалоци.