Во моментов, во светот има околу 1.350 потенцијално активни вулкани, како што неодамна утврдија американските научници, а само една третина од нив еруптирала откако се бележи историјата.
Но, дали знаете каде се наоѓаат најактивните вулкани и каде треба да одите ако сакате гарантирано одблизу да погледнете ерупција?
Live Science тврди дека повеќето активни вулкани се наоѓаат под морето, покрај бројни гребенски системи. Дури 80 отсто од магмата на Земјата доаѓа од овие подводни вулкани, кои се наоѓаат приближно на длабочина од три до четири километри, а некои системи се протегаат дури девет илјади километри низ источниот Пацифик и вкупно околу 16 илјади километри во средината на Атлантскиот Океан, но нивните ерупции тие ретко влијаат на нас.
Но, ако веќе имате желба да видите вулкан на дело, имате еден релативно блиску до нас. Имено, Live Science пишува дека поголема е веројатноста да најдете ерупција доколку одите на италијанскиот остров Стромболи. Еруптира без прекин веќе 1.500 години, а ако тргнете по организирана рута до врвот, можеби ќе видите и помали експлозии.