Дали е безбедно да имате секс додека сте болни од грип?

Зимата се наближува, а со тоа и периодот на грип и настинки.

Замислете вакво сценарио: со денови лежите во кревет болни од грип и во еден момент чувствувате малку енергија и желба за секс.

Смеете ли да си ја задоволите таа желба?

Лекарите велат дека треба да се внимава на пренесувањето на грипот. Тој се пренесува преку капки и течности, значи со кивање, кашлање, дишење, ракување и секако со бакнување. Вирусот во течностите живее 24 часа на површини како маса, додека на чаршавите преживува час до два, а на рацете 15 до 30 минути.

Ако лекарите имаат правило дека треба да се оддалечиме од болен од грип на два метри, а сексот е практикување на блискост и директен контакт, и веројатноста дека ќе имате секс без вашиот грипосан партнер да ви кивне или без да се закашла е многу мала, тогаш јасно е дека е препорачливо да се избегнува сексот во тој период.

Крајниот совет во овој случај е дека во период кога еден од партнерите е болен од грип дефинитивно треба да се апстинира од сексуални активности.

Претходна Depeche Mode – Personal Jesus
Следна Seal – Crazy

Награден напис

Храна која особено лошо влијае на работата на цревата

Проблемите со цревата може да се појават на многу различни начини. Гасови, надуеност, запек, дијареа …

Научниците ја открија совршената формула која ќе ви помогне да се разбудите одморени и освежени

Дали често се будите поспани и млитави, и без разлика колку долго сте спиеле, сепак …

Don`t copy text!