„Гугл мапс“ е една од основните апликации во секој паметен телефон и често посетуваната страница на компјутер. Кога и да се сомневате во адресата, градот или земјата во која патуваме, „Гугл мапс“ е апликацијата кон која најчесто се обраќаме – без разлика дали одиме пеш, со јавен превоз или со автомобил.
Со текот на годините, Google Maps станаа многу повеќе од само мапи на градови, држави и патишта што ги пресекуваат. Развиени се прилично прецизни услуги што можат да ви обезбедат возен ред, најблиски кафулиња и ресторани, да ви покажат каде градот во моментот е преполн и како да се избегне тој правец… накратко – навигацијата полека се доведува до совршенство.
Бидејќи 2020 година во голема мера го смени начинот на размислување, а камоли да се движиме или да патуваме, Google ја забележа потребата од уште неколку информации што би можеле да им ги послужи на корисниците. Покрај моменталната состојба во сообраќајот, преку која корисниците можеа да прочитаат кои станици на јавен превоз во моментот се многу преполнети и се повеќе изложени на COVIDU-19, информации за потенцијално задолжително носење маски на јавни места во одреден град и точно кои локации работат, додаде дел кој го пренесува просечниот број на новоинфицирани случаи во дадена земја.
Опцијата, која полека ќе стигне до корисниците на iOS и Android, го пресметува просекот на новозаболени случаи во последните седум дена на сто илјади жители. Соодветно на тоа, бојата на државната граница го означува трендот и покажува дали трендот расте или опаѓа. Така, на пример, држава со просек од еден новоинфициран случај во последната недела ќе биде обоена во сива, а темно црвена боја значи дека просекот е 40+ нови случаи.
Покрај сателитските и теренските слики, сега ќе можете да видите детален преглед на случаи во државата или провинцијата. Податоците се собрани од Универзитетот Џон Хопкинс и Њујорк Тајмс, а тие пак ги собираат податоците објавени од Светската здравствена организација, владите на одделни земји, локалните министерства и болниците.
Новиот начин на прегледување беше лансиран на 23 септември 2020 година и наскоро треба да стане достапен за сите корисници на апликацијата Google Maps.