Град во Австралија на генијален начин се бори со загадувањето на водите

Западноавстралискиот град Квинана, во обид да се справи со загадувањето на водите и да ја зголеми нивната одржливост, инсталираше мрежи на канализациските одводни цевки, чии води истекуваат во природата, спречувајќи го крупниот отпад да излезе од канализацијата. Мрежите се поставени во резерватот Хенли, во обид да се намали загадувањето кое доаѓа од резиденцијалните зони и го контаминира резерватот.
Едноставниот систем за филтрација бил наместен во март минатата година на две локации во резерватот во близина на две населени зони, и за пет месеци собрал 370 килограми ѓубре. Мрежите собрале најмногу амбалажа од храна, шишиња, песок и лисја од дрва.
Отпадокот бил потоа транспортиран до центар за рециклирање кој процесира биоразградлив отпад и го претвора во вештачко ѓубриво.
Мрежите биле инсталирани на бетонски одводни цевки со дијаметар 75 x 45 см, кои од март до август 2018 година биле исчистени три пати. Ниту едно животно не се заглавило во мрежите откако е започнато со нивното пробно користење.
Инсталацијата на мрежите го чинела градот 20 000 долари, вклучувајќи го во цената дизајнот на мрежите, нивното производство и монтажата.

Претходна Porsche го понуди Cayman GT4 Clubsport во две верзии
Следна Легендата на светскиот фудбал – Марадона, како да исчезна

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!