Шампионатот во Формула Е полека се ближи кон крајот, а вчера се одржа трката во Сеул на која беше забележан голем инцидент.
Имено, трката беше прекината кога осум автомобили за само неколку секунди завршија во оградата.
Норман Нато, Ник Касиди, Ник де Вриј, Себастиен Буеми, Андре Лотерер, Оливер Аскеју, Ден Тиктум и Оливер Турвеј изгубија контрола над своите болиди на излезот од 20-тиот свиок и се забија во оградата.
Најлошо пројде Де Вриј кој удри во автомобилот на Буеми.
Раководството на трката покажа црвени знамиња, а по продолжувањето на трката победа славеше Мич Еванс и колку – толку остана во трката за шампионската титула.
Денеска е второто коло, воедно и последно од оваа сезона во Формула Е, а Стофел Вандорне треба да заврши меѓу седумте најдобри за да стане шампион.