Големите руски планови за вселената

Руската вселенска агенција Роскосмос низ серија на видеа ги прикажа плановите за истражување на вселената и колонизирање на Марс.
Рускиот центар за вселенска медицина покрена експериментален програм наречен Selena-F кој ги проучува можностите за адаптација на човечкиот организам на условите кои владеат на Месечината. Главна цел на истражувањата е да се открие како човечкиот кардио-васкуларен и мускулно-скелетниот систем функционираат на Месечината, но и како гравитацијата на Месечината ќе влијае на самиот човек.
Директорот на Рускиот институт за вселенска медицина д-р Виктор Баранов, објаснува како работата на Институтот ќе помогне не само на вселенската медицина и психологија, туку и на изградбата на специјални оддели за престој на планетата.
На едно од видеата, научниците на Роскосмос даваат фасцинантни информации за плановите за колонизација на Месечината.

Д-р Игор Митрофанов ја објаснува важноста на водата која се наоѓа под површината на Месечината и руските планови за извлекување на таа вода. Д-р Митрофанов истакнува дека во смрзнатата вода на Месечината најверојатно постојат трагови од интерпланетарни и меѓуѕвездени материјали, и напомна дека истражувањето на таа вода може да придонесе во разјаснувањето на тајните на животот на Земјата. Понатаму нагласи дека водата е потребна за живот на Месечината, но и за погон на леталата во иднината.
Рускиот инженер го претстави планот за извлекување и на метали од тлото на Месечината кои би се користеле за 3Д принтање на делови кои би се употребиле при колонизирањето на Месечината.
Во видео записите е и снимката која дава прекрасен увид во деталите за руско-американскиот програм за враќање на планетата Венера.

Виктор Воронцов, шеф на проектор Venera-D, инаку работи за воздухопловна компанија која е специјализирана за производство на делови за ракети, дава детали за строгите барања на програмот. Програмот вклучува орбитални летала, специјални возила за слетување, како и атмосферски детектори кои можат да издржат и по неколку денови во лоши временски услови на Венера.

Претходна Purosangue, изненaдувањето од Ferrari
Следна Возбудливи хорор филмови кои нè очекуваат оваа есен

Награден напис

Соларен панел направен од расипан зеленчук

Филипинскиот инженер и студент Карви Ерен Маигу, од Универзитетот Мапуа во Манила, ја доби престижната …

Инстаграм овозможи да пребарувате објави по клучни зборови

Инстаграм им нуди на своите корисници нова опција.Тоа е поцврста алатка за пребарување достапна за …

Забрането е копирање на текст!