Елон Маск го објави името на патникот кој ќе ја обиколи Месечината со ракетата на SpaceX во 2023 година.
Откако неодамна испрати автомобил, Елон Маск во 2023 година ќе прати и човек во вселената. Тоа е јапонскиот милијардер и основач на модната компанија ZoZoTown, со богатство од околу три милијарди долари, Yusaku Maezawa.
Јапонскиот милијардер би требало да се упати кон Месечината со ракетата на SpaceX, Big Falcon Rocket, на која ѝ претстои уште многу тестирања како би го однела патникот на пат околу Месечината. Да напоменеме дека јапонскиот милијардер нема да слета на Месечината, туку после три дена патување и поминати 385.000 километри ќе помине покрај Месечината и ќе се врати назад на Земјата.
Цената не е позната, но сигурно ќе биде висока – се шпекулира со сума од десетина милиони долари.
Маск е многу горд на ракетата која ја развива и на патот кој го подготвува, и изјави дека ова е почеток на патот на развој на вселенската и ракетната технологија која би овозможила да станеме вид која нема да биде присутен само на Земјата, туку би можеле да живееме и на други планети.
Награден напис
Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција
Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …
Мета подготвува ривал на Твитер
Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …