Фотографијата е универзален јазик. Од нивното претставување, флегшип моделите на сериите P на Huawei станаа најдобар партнер на аматерите и на професионалците.

Секој уред од P серијата нуди уникатно фотографско искуство за своите корисници, благодарение на сè пософистицираниот и моќен хардвер и напредните технологии за сликање.

HUAWEI P20 сериите се појавија со идеја да користат физички најголем CMOS сензор во паметните телефони, а HUAWEI P30 серијата ги смени правилата на фотографија со неверојатна близина и чувствителност на светлина.
Новиот Huawei P40 Pro доаѓа со Ultra Vision Leica Camera системот и продолжува да ја пишува приказната за совршенството на секој кадар направен со Huawei.
