Во следниот филм Џемс Бонд ќе вози електричен Aston Martin

Според информациите споделени од англискиот The Guardian, следниот автомобил кој ќе го вози тајниот агент Џемс Бонд ќе биде Aston Martin Rapid E.

Главната улога повторно ќе ја има Даниел Крег и според актуелните планови прикажувањето на филмот е закажано за април 2020 година.

Бондовиот Rapid E ќе биде еден од само 155 произведени примероци од спортскиот автомобил. Цената ќе биде 250.000 фунти, а во салоните се очекува во четвртиот квартал на оваа година.

Aston Martin Rapid E е опремен со батерија од 65 kw/h која му овозможува автономија од 320 километри. Ќе го движат два мотори кои испорачуваат 600 ks и 950 Nm, а од 0-100 km/h забрзува за само 4 секунди, и постигнува максимална брзина од 250 km/h.

Претходна Kate Upton
Следна Spacex успешно го тестираше топлотниот штит за леталото Starship

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Don`t copy text!