Волво влегува во светот на електрични автомобили

Првиот продукциски Волво ќе биде базиран на моделот XC40 и ќе биде исклучиво електричен.

Волво е една од автомобилските компании кои електрификацијата на своите автомобили ја перципираат многу озбилно.  За тоа сведочи и планот кој вели дека до 2025 година половина од автомобилите кои ќе излегуваат од производствените погони ќе бидат електрични.

Во нивната филијала Polestar од самиот почеток беа свртени кон подготовката на првиот електричен автомобил кој ќе се базира XC40 , а на публиката ќе ѝ биде претставен до крајот на оваа година.

Сè уште отсуствуваат техничките детали за овој електричен кросовер, но се знае дека ќе биде заснован на CMA модуларната платформа и дека ќе биде поевтин од I-Paceна Јагуар.

Претходна Магнезиумот и неговата функција
Следна Дискриминирачкото навивање од трибините на Рома и донесе казна од 12.000 евра

Награден напис

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Audi RS7 од Power Division забрзува подобро од Veyron

Сегашниот Audi RS7 Sportback послужи како основа за еден од последните екстремни проекти на полската …

Don`t copy text!