Славниот Владе Дивац се придружи на легендите во Куќата на славните на НБA, објави познатиот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски.
Информацијата ја пренесе преку Твитер, каде што напиша:
“Владе Дивац е избран за влез во Куќата на славните. Тој е еден од седумтемина кошаркари на НБА со 13.000 постигнати поени, 9.000 скокови, 3.000 асистенции и 1.500 блокади”.
Дивац е вториот Српски кошаркар во Куќата на славните на НБА заедно со Дражен Далипагиќ и петти кошаркар од регионот заедно со Дражен Петровиќ, Крешимир Ќосиќ и Дино Раѓа.
Во моментов, Владе Дивац е генерален менаџер на Сакрамето Кингс, а во својата кариера играше за Слога, Партизан, Лејкерси, Сакраменто Кингс, Црвена Ѕвезда и Шарлот Хорнетс.