Ви го претставуваме Мекларен Сејбр со моќност од 824 коњски сили, помоќен од моделот Сена

Неодамна објавените шпионски фотографии, како и оние што „протекоа“ во јавноста, беа најава за претстојното лансирање на моделот Сејбр на Мекларен, кој сега го виде светлото на денот.

Во соопштението се наведува дека моторот развива 824 КС, а веројатно станува збор за познатиот 4,0-литарски V8 мотор кој стана најмоќниот „нехибриден“ V8 во историјата на Мекларен.

Исто така, Сејбр ја презеде титулата за најбрз двосед на Мекларен затоа што достигнува брзина од нешто повеќе од 350 км на час.

Потврдено е дека Мекларен ќе произведе само 15 примероци од овој модел, а сите се наменети за американскиот пазар. Испораките се очекуваат во наредните месеци, а цената засега не е позната.



Претходна Меси го собори рекордот на Пеле за постигнати голови
Следна Huawei FreeBuds Studio со интелигентно и динамично намалување на бучава и Hi-Fi квалитет

Награден напис

Римац Невера постави нов брзински рекорд за возење во рикверц!

Откако последователно соборуваше светски рекорди, Римац Невера сега почна да се менува. Хиперавтомобилот Rimac Nevera, …

Првите снимки на универзумот од европскиот вселенски телескоп Еуклид

Европскиот вселенски телескоп Еуклид денеска ги објави своите први снимки, откривајќи блескава маглина во облик …

Don`t copy text!