The hanging gardens of Bali е луксузно летувалште сместено во џунгла на најпознатиот индонезиски остров, Бали. Оваа луксузна населба има 44 вили и на гостите им нуди несекојдневен поглед на долината.
Изградено е 2005 година, а оваа година ја доби Boutique Hotel наградата за најдобар поглед. За оваа награда номинирани биле луксузни комплекси од Шри Ланка, Белизе, Мексико, Кенија и Шпанија. Заради интересниот двокатен базен, ова луксузно одморалиште често се наоѓа во центарот на збиднувањата.
Одморалиштето е опишано како рај на земјата и за него мора да одвоите најмалку 445 долари за ноќевање. Ако пак сакате ноќта да ја поминете во тајна палата, тогаш ќе мора да одвоите дури 6200 долари, и за тие пари ќе добиете луксузна вила со приватен бар, ресторан, кујна и батлер кој ќе ви биде достапен 24 часа.
За само 3 долари може да ја посетите Светата шума на мајмуните во Убуд.
Најспектакуларниот дел од овој луксуз е недопрената природа и прекрасниот поглед.



