Буфон пред потпишување на договор со PSG

Џиџи Буфон е пред потпишување на договор со PSG, според кој би требало да остане во клубот до 2021 година.

Според информациите на ESPN, PSG е подготвен соработката да ја продолжи на уште една дополнителна сезона, но во договорот наводно планираат да вклучат и нова опција, според која во клубот би го задржале додека не наполни 43 години.

Со новиот договор, Буфон би добивал поголема плата и бонуси.

Некогашниот голман на Јувентус и репрезентацијата на Италија оваа сезона собра 20 настапи, но јавноста делумно го обвинува за елиминацијата од Лигата на шампионите од Манчестер Јунајтед.

Претходна Со новите електрични и хибридни модели СЕАТ се подготвува за иднината
Следна Пет “дрифтања” кои не испаднале како што треба

Награден напис

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Топката со која Марадона го постигна голот со „Божјата рака“ беше продадена на аукција

На аукција во Лондон топката со која Диего Марадона го постигна познатиот гол „Божја рака“ …

Don`t copy text!