Мамед Калидов беше апсолутна ѕвезда на настанот за боречки вештини КСВ 55 каде успеа да го врати изгубениот појас.
Калидов по три последователни порази ја дочека борбата против Скот Ашам и имаше што да покаже. Еден од тие поразите што ги претрпе беше баш од Ашам во декември минатата година и сега му се одмазди.

Одличниот Калидов се движеше одлучно напред, Ашам се повлече обидувајќи се да ги избегне ударите, но противникот сепак „го стигна“ со десната нога и го нокаутира.
Калидов сега има сооднос 34-7-2, а пред три последователни порази имаше серија од 15 победи што траеше од 2010 година.