Бришење на пораки во чат на ФБ Месинџер

Една недела по најавата, новата корисна функција на FB Messenger стигна до првите корисници. Станува збор за бришење на испратените пораки, што ќе им дојде многу добро на оние што пишуваат во афект.
Колку и да е слична на функцијата која веќе долго ја има на WhatsApp, на Messenger нештата сепак ќе бидат поинакви.
Како прво, треба да имате на ум дека имате само 10 минути да ја избришете испратената порака, а тоа се прави така што го држите прстот на текстот додека не се појави Избриши на дното на екранот. Потоа, слично како и на WhatsApp, ќе мора уште еднаш да потврдите дека сакате да ја избришете пораката од сите уреди.
Потоа ќе се појави известување дека трајно ја бришете пораката, па другата страна ќе види дека е избришана и ќе може да пријави во случај на проблематична содржина.
Фејсбук се осигури

Фејсбук ќе ја задржи уште некое време избришаната порака, во случај таа да е предмет на жалба. Опцијата за бришење на пораката стигна во Полска, Боливија, Колумбија и во Литванија, а прашање на време е кога ќе стигне и во другите земји.
Оваа функција на WhatsApp ја има од 2017 година, со таа разлика што таму за бришење на пораката имате дури еден час.
 

Претходна Голманот на Јордан постигна гол од својот казнен простор
Следна Ѓоковиќ поразен од Зверев во финалето на Мастерсот во Лондон

Награден напис

Apple работи на лаптоп со екран што се преклопува

Asus е вистински пионер кога станува збор за лаптопи со екран на преклопување благодарение на …

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Don`t copy text!