Авантуристот Рос Еџли од Велика Британија стана првиот човек што што испливал дури 2865 километри обиколувајќи ја Велика Британија, и по 5 месеци стапнал на копно.
Овој триесетгодишен Англичанец потфатот го стартувал на први јуни во Кент, започнувајќи да плива во правец на стрелките од часовникот.
Во текот на петте месеци ниту еднаш не стапнал на копно.
Циклусот на Еџли бил 6 часа пливање, па 6 часа одмор во чамецот што го следел. Патешествието што го поминал било исполнето со борба со морските струи, убоди од медузи, болки во јазикот кој му бил разранет од солената вода.
Во текот на својот потфат изгубил 500.000 калории и изел 500 банани, кои му ја овозможувале енергијата потребна за физичкиот напор.
На средината од август го срушил рекордот за најдолго пливање поминато на отворено море, што го држел французот Беноа Лекомб од 73 дена.
