Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин пристигна во Интер Мајами во текот на летото, а сега му се придружи и неговиот брат Федерико.
Откако 15 години играа во различни клубови, Гонзало и Федерико Игуаин се повторно заедно благодарение на легендарниот англиски фудбалер и сопственик на Интер Мајами, Дејвид Бекам.

Гонзало и Федерико претставуваат 18-ти случај кога браќата играат заедно во американската МЛС-лига.
35-годишниот Федерико потпиша за ДЦ Јунајтед во март, каде ја имаше улогата на тренер-играч по осум години поминати во екипата на Колумбос Кру.
Триесет и двегодишниот Гонзало пристигна од Јувентус во септември.
Претходно, браќата Игуаин играа заедно во Ривер Плата пред 15 години.