Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, ја освои пол-позицијата и ќе стартува од првиот ред на вечерашната трка за Големата награда на Мексико.
Ботас постигна најдобро време во квалификациите одржани синоќа, а рундата што му ја донесе пол-позицијата заврши со време 1:15.875.
Неговиот тимски колега од Мерцедес Луис Хамилтон го освои второто место и така дуото од истиот тим ќе стартува од напред, а третото место го зазеде возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.
Најдобрата петорка ја заокружија Серхио Перез и Пјер Гасли, додека во Топ 10 се најдоа и Карлос Саинц, Даниел Рикиардо, Шарл Леклер, Јуки Цунода и Ландо Норис.
Иако заврши на деветтото место, Цунода ќе стартува од задниот дел поради промена на погонската единица.
Интересно, Ботас испишува историја со освојувањето на пол-позицијата. Имено, со 19. пол-позиција во кариерата, Финецот го престигна Рене Арну (18) меѓу возачите со најмногу стартни позиции пред трката од возачи кои никогаш не освоиле светска титула.