Бомба за крвната слика

Во народната медицина постојат неколку рецепти за зголемување на хемоглобинот во крвта.

Оваа витаминска бомба или лековит еликсир е исклучително добар и докажан лек за зголемување на хемоглобинот, подигање на нивото на крвни зрнца и подобрување на општата крвна слика.

Направете го веднаш. Освен што е супер здрав, многу е вкусен!

За да го подготвите овој природен лек – витаминска бомба, потребно е:

  • 200 г суво грозје;
  • 200 мл мед;
  • 200 г ореви;
  • 200 мл сок од морков;
  • 200 мл сок од цвекло;
  • 2 лимони.

Подготовка

  1. Измијте 2 лимони. Исечете ги на половина и извадете ги семките. Сомелете ги со кората (ако се лимоните прскани – излупете ја кората) и смесата ставете ја во стаклена тегла од литар.
  2. Во смесата од мелен лимон додадете мед, сок од цедено цвекло и сок од исцеден морков. Промешајте.
  3. Потоа во оваа смеса додадете ситно сечкани или мелени ореви и суво грозје. И повторно измешајте сè.

Ќе добиете околу 1 кг вкусна и многу здрава лековита смеса. Смесата чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер. Земајте три пати на ден по една лажица пред јадење.

Може да се користи колку што сакате. Нема никакви несакани ефекти, освен зголемување на енергијата.

По една или две недели од консумирањето, проверете ја вашата крвна слика и бидете пријатно изненадени!

Претходна Zyrus подготви феноменален каросериски пакет за Volkswagen ID. Buzz
Следна Мазурските езера – зелените бели дробови на Полска

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!