Болдвин и Мадсен потпишаа, а со Моника Белучи преговара за учество во продолжението на „Јужен ветер“

Вилијам Болдвин ќе глуми во втората сезона на серијата „Јужен ветер“, а преговорите со Моника Белучи се во тек, откри режисерот Милош Аврамовиќ.
“Исклучително ми е драго што Вилијам Болдвин и Мајкл Медсен ќе бидат дел од серијата “Јужен ветер”. Ова е прв пат по многу години толку големи и признати холивудски ѕвезди да учествуваат во некој српски проект. Работата со нив е прва чекор кон иднина, ќе биде сосема нормално светските ѕвезди да се појавуваат во нашите серии и филмови“, изјави Аврамовиќ за српските медиуми.

Тој додаде дека двајцата веќе потпишале договори, а Моника Белучи најверојатно тоа ќе го направи наскоро.

“Многу преговараме со Моника и би било одлично таа да биде дел од тимот. Има многу фактори кои ќе треба да се усогласат, како датумот на нашето снимање и нејзините обврски. Планирано е таа да има неколку денови на снимање во Италија и неколку во Србија“, додаде тој.

Тој откри дека Болдвин и Медсен ќе глумат американски агенти.

„Во серијата тие ќе ги штитат интересите на американската администрација, не само во Србија, туку и на Балканот. Планирано е да дојдат во Србија на пролет или почетокот на летото и постојано да снимаат овде, најмногу во Белград. Вилијам и Мајкл се добри пријатели приватно, тие се фантастични и за мене е голема чест што сум дел од нашиот тим“, заклучи Аврамовиќ.

Претходна Хенеси го испорача првиот Venom F5, и тврдат дека достигнува 500 km/h
Следна Електричната Lancia Delta Integrale ќе се натпреварува во WRX

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Забрането е копирање на текст!