Герет Бејл (32) се сели во МЛС и покрај пишувањата дека славниот Велшанец ќе игра во својата земја и ќе ја одржува формата во дресот на Кардиф пред Светското првенство во Катар, пренесува секогаш добро информираниот новинар Фабрицио Романо.
Бејл ќе се пресели во редовите на Лос Анџелес како слободен играч откако му истече договорот со Реал Мадрид.
Велшанецот на тој начин ќе го напушти европскиот фудбал за да испроба ново искуство играјќи во американската професионална МЛС лига.
Според Роман, договорот ќе биде потпишан на една година, односно до крајот на 2023 година.
Да потсетиме, нов играч на овој клуб ќе биде уште еден европски ветеран и поранешен капитен на Јувентус Џорџо Киелини.
Бејл ги помина последните осум години во Реал, пред тоа шест во Тотенхем, а првите две професионални сезони ги играше за Саутемптон.
Инаку, Бејл ќе биде главниот адут на Велшаните на Светското првенство во Катар, кое започнува во ноември.