Бел кит во реката Темза

Бел кит познат како белуга или арктички кит, залутал во реката Темза. Голем број граѓани на Лондон доаѓаат до брегот на Темза да го видат, но и да го бодрат да си го најде патот назад на отворено море.
Експертите ги предупредуваат граѓаните да не му се приближуваат многу, туку само да набљудуваат од брегот.
Се стравува дека шансите китот да преживее се многу мали, заради тоа што во неговата исхрана влегуваат медузи и планктони, нешто што во Темза има многу малку. Исто така, Темза е преполна и со пластични кеси, што претставува дополнителна опасност за белугата.
Пред 12 година имаше слична ситуација кога беше насукан пет метри долгиот северен кит, кој набрзо и умре. Сите се надеваат дека нема да се повтори истата ситуација и дека китот ќе успее да се извлече од Темза.


Претходна Возбудливи хорор филмови кои нè очекуваат оваа есен
Следна Германија е домаќин на ЕУРО 2024

Награден напис

Новата мега јахта на Џеф Безос снимена на отворено море чини 500 милиони долари

Новата мега јахта на Џеф Безос е снимена на отворено и чини неверојатни 500 милиони …

Русин уништил Lamborghini Urus за да промовира енергетски пијалок

Јутјубер по име Михаил Литвин снимил како крши Lamborghini Urus вреден повеќе од 250.000 евра …

Don`t copy text!