Бекам ја состави најдобрата екипа од играчи со кои играл

Бекам ја започна својата кариера во Манчестер Јунајтед пред да стане една од најголемите фудбалски sвезди во историјата, а тоа што тој имаше легендарна кариера го покажува најдобриот тим на играчи со кои играл.

По Манчестер Јунајтед, тој се сели во Реал Мадрид во 2003 година, каде ги поминува најдобрите години. Пред да се пензионира во 2013 година игра и за ЛА Галакси, Милан и ПСГ.

Во својата кариера, Бекам се сретнал со вистински икони и затоа решил да собере идеален тим на играчи со кои ја делел соблекувалната. И екипата навистина изгледа импресивно.

Како што се очекуваше, Манчестер Јунајтед и Милан се најзастапени со по четири играчи секој, додека одбраната е засилена со две легенди од Милан. Во тимот недостасуваат имиња како Серхио Рамос, Ерик Кантоне и Кејк.

Најдобриот тим на Бекам:

Питер Шмајхел (Манчестер Јунајтед)
Гери Невил (Манчестер Јунајтед)
Паоло Малдини (Милан)
Алесандро Неста (Милан)
Роберто Карлос (Реал Мадрид)
Рој Кин (Манчестер Јунајтед)
Пол Сколс (Манчестер Јунајтед)
Зинедин Зидан (Реал Мадрид)
Луис Фиго (Реал Мадрид)
Роналдо Назарио (Реал Мадрид)
Роналдињо (Милан)

Претходна Спектакуларниот HUAWEI Mate Xs во продажбата и на македонскиот пазар
Следна Avicii – Wake Me Up

Награден напис

Brabus го тјунираше Smart EQ ForTwo

Познатиот тјунер Brabus веќе има историја на средување на автомобилите на Smart, а уште еден …

AC Schnitzer ја тјунираше новата BMW серија 4

Германскиот тјунер AC Schnitzer ја примени својата „магија“ на BMW Серија 4. BMW Серија 4 …

Забрането е копирање на текст!