А1 со бесплатна услуга за видео конференција за сите

А1 Македонија ги продолжува активностите како поддршка за сите свои корисници со цел поедноставно секојдневие во новонастанатата состојба предзивкана од COVID -19 вирусот.

Од денеска, А1 во соработка со „eyeson“ бесплатно ја овозможува услугата Видео конференција, која е одлично решение за реализација на состаноци, без физичко присуство на иста локација. Станува збор за професионално решение преку кое може да бидат поврзани до 100 видео учесници, хостирано на платформата на А1.

Со услугата Видео конференција може да се реализираат квалитетни видео повици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации, а е достапна преку лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност.

Услугата Видео конференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020, притоа не е потребно да внесувате податоци од платежна картичка.

Две недели пред истекот на бесплатниот период ќе добиете известување како и информација за условите под кои услугата ќе биде достапна за користење понатаму.

Претходна Human by Rag’n’Bone Man (Morgan James Cover)
Следна The Sicilian Clan – The Danish National Symphony Orchestra

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!